
Сестрата на Роналдо застана во одбрана на Португалецот: Ова е болно друштво!
Еден ден по погребот на социјалните мрежи се огласи сестрата на Роналдо, Катја Авеиро која застана во одбрана на својот брат.
„Фанатизмот веќе прави проблеми, критикување без никакви причини. Болно друштво, сите имаме семејство. Ужасно е срамно да се гледаат телевизиските канали, коментарите и друштвените мрежи кои даваат повеќе простор на отсустноста отколку почиита кон семејството кое изгуби двајца браќа. Жално“, порача сестрата на Португалецот, потсетувајќи на медиуската изложеност по смртта на нивниот татко во 2005 година.
Тогаш на погребот присуствуваа познати лица, беше и селекторот Луис Фелипе Сколари, но не се сеќавам дека некого видов. Сигурно ми пристапиле, но од болка бев заслепена“, истакна меѓу другото сестрата на португалскиот ас.
Фото: AlNassr FC/X