Ѕвезда на Баерн Минхен остана во шок по повредата на Мусиала (ВИДЕО)

ПСЖ славеше против Баерн Минхен и се избори за полуфинале на Светското клупско првенство, но резултатот падна во сенка на повредата на Џамал Мусиала.

Мусиала се здоби со тешка повреда, по што мораше да ја напушти играта на носилки, а преносот во тие моменти го следеше Алфонсо Дејвис.

Дејвис не е во конкуренција за игра поради повреда, па затоа реши да го коментира мечот, но кога се случи повредата тој остана во шок.