
Неверојатна ситуација во Црна Гора пред европските квалификации – погоден и ривалот на Силекс!
Дечиќ на само пет дена пред натпреварот против Силекс во квалификациите за Конференциската лига објави дека го раскинува договорот со Ненад Брновиќ кој со оваа екипа го освои трофејот во Купот. За изненадувањето да биде поголемо тие на клупата го вратија поранешниот тренер Небојша Јандриќ.
Натпреварот во квалификациите Силекс и Дечиќ го играат на 10 јули, а тренерска смена имаше и во Будуќност која два дена претходно ќе го игра својот натпревар против ерменската Ноа.
Засега нема образложение зошто е дојдено до прекинот на соработката, медиумите шпекулираат и дека станувало збор за понуда од странство.
Од претставниците на Црна Гора на европска сцена тренерот не го смени единствено екипата на Сутјетска која до квалификациите стигна само затоа што Петровац не доби лиценца за Европа.