Џејми Варди бил блиску до трансфер во Серија А!

Легендата на Лестер, Џејми Варди бил многу блиску до преселба во Серија А, но транферот го спречил тренерот на Џенова, Патрик Виера.

Според информациите на „Република“, Варди речиси постигнал договор со Џенова, откако му истекол договорот со Лестер кон крајот на јуни, но Виера не бил убеден дека неговото доаѓање е вистински потег и одлучил да го блокира трансферот.

Според информациите, спортскиот директор на Џенова, Флавио Рикардела ги предводдел преговорите со напаѓачот и трансферот бил блиску до релизација.

Сепак, тогаш Виера ги стопирал работите со објаснување дека според него Варди нема да го подигне квалитетот на тимот.

Варди кој беше еден од најважните фудбалери на Лестер во сезоната 2015/2016 кога овој тим ја освои Премиер лигата наводно сега е блиску до преселба во Шкотска во редовите на Ренџерс.