Уште еден поранешен тренер на Милан седнува на клупата на Ал Наср?

Португалецот Сержо Консеисао кој не се прослави во Милан би можел да стане нов тренер на Ал Наср од Саудиска Арабија.

Саудискиот тим на крајот од сезоната се раздели со Стефано Пиоли кој се врати во италијанскиот фудбал и седна на клупата на Фиорентина, па сега се во потрага по негов наследник.

Консеисао со „росонерите“ во изминатата сезона го освои Суперкупот на Италија, но претрпе пораз во финалето во купот и имаше лош пласман во Серија А, па поради тоа доби отказ.

Сега Ал Наср според информациите на познатиот италијански новинар Николо Шира му нуди договор до 2027 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Покрај Милан, Консеисао во тренерската кариера ги водеше уште: Порто, Нант, Виторија Гимареш, Брага..