Ѓорческа ја совлада Глушкова и се пласира на турнирот во Загреб

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска славеше против бугарската тенисерка Денислава Глушкова со 2-1 во сетови, односно 5-7, 6-3 и 6-2 и се пласира на главниот турнир во Загреб.

Глушкова во првиот сет беше подобра од Македонката со 7-5, меѓутоа во следниот сет Ѓорческа направи исчекор и славеше со 6-3.

Ѓорческа беше одлична и во третиот сет, каде што ѝ дозволи на противничката да освои само два гема (6-2).

Македонската тенисерка во првото коло ќе игра против Ралука Георгина Шербан од Кипар.