
Ѓуроски: Барам поддршка од сите!
Ѓуроски вети дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа, а притоа побара поддршка од медиумите и спорстката јавност.
„Мило ми е што Илиевски ја прифати понудата и се надевам на успех во неговата работа. Од страна на Кошаркарската федерација, можам да ветам дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа, играчите и селекторот ќе треба само да се фокусираат на своите натпревари и да остават срце на терен. Единствено што барам е поддршка и од медиумите и од целокупната спортска јавност во земјава“, кажа Ѓуроски.