
Вардар го растури црногорскиот шампион на подготовките во Словенија
„Црвено-црните“ се сретнаа со шампионот на Црна Гора, Будуќност и славеа убедлив триумф со 3-0. Првиот гол беше дело на Спахиу, а вториот и третиот ги постигна Закариќ кој беше и најдобар играч на овој меч.
Во текот на викендот Вардар ќе одигра пријателски меч и со својот голем ривал од времето на поранешна Југославија, Олимпија што ќе биде исклучително важен тест пред настапот на меѓународна сцена.