Направи трансфер од 70 милиони евра, па играше - на улица! (ВИДЕО)

Матеус Куња неодамна го комплетираше трансферот од Вулвс во Манчестер Јунајтед вреден 73 милиони евра.

Потоа настапи за селекцијата на Бразил со која го завери учеството на Светското првенство, а откако заврши со сите обврски најде време да поигра фудбал и на улица.

По настапот за Бразил, Куња отиде да се одмори во својот роден град, Жоао Песоаи на истокот од земјата.

Објави и видео на социјалните мрежи како игра фудбал во маало со пријатели.