
Славата си го прави своето: Јамал во врска со 12 години повозрасна инфлуенсерка
Успесите на фудбалските терени му донесоа голема слава низ целиот свет, па не е чудо тоа што за него се зголеми интересот и од припадничките на женскиот пол. Минатата година тој се раздели со својата девојка, а шпанските медиуми тврдат дека сега е во врска со инфлуенсерката Фати Васкез која е дури 12 години повозрасна од него.
Двојката во моментов ужива на одмор во Италија, а медиумите сфатија дека се заедно откако на своите профили на социјалните мрежи постираа фотографии од исти места, Фати Васкез има околу 400 илјади следбеници на Инстаграм и над милиони претплатници на Јутуб, а за Јамал не треба да се трошат зборови.