
Књазев беше прв, Илиевски е 15. селектор на Македонија
Марјан Илиевски е 15. на клупата, а времето ќе покаже колку долго ќе остане на неа. Прв беше Александар Књазев кој ја водеше македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 1993 година што се одржаа во Полска, а што беше и прв официјален настап на македонскиот национален тим.
Двајца селектори во минатото по два пати ја предводеа репрезентацијата Јорданчо Давитков и Марин Докузовски. Давитков има најголем стаж, вкупно осум години на позицијата, додека Докузовски го оствари најголемиот успех - четвртото место на Европското првенство во Литванија во 2011 година.
Останатите селектори на македонската репрезентација беа: Благоја Георгиевски, Заре Марковски, Јовица Арсиќ, Марјан Лазовски, Алеш Пипан, Александар Ѓикиќ, Марјан Србиновски, Драган Раца, Александар Тодоров, Драган Бајиќ и Александар Јончевски.