
Иличиќ пронајде нов клуб и се врати таму каде што сè започна
Иличиќ кој денес има 37 години не го криеше задоволството по потписот со Копер кој во изминатата сезоната заврши на третата позиција во првенството.
„Ме радува враќањето во Копер. Тука ги направив првите чекори во клупскиот фудбал. Копер е фудбалски град и навивачите заслужуваат добри резултати. Се надевам дека заедно ќе уживаме“, порача Иличиќ.
Најголема трага Иличиќ низ кариерата остави во Италија каде што го носеше дресот на Палермо, Аталанта и Фиорентина.
Како фудбалер на Аталанта во периодот на коронавирусот кога Бергамо беше еден од најпогодените градови патеше од депресија и беше блиску да стави крај на кариерата. Во Словенија се врати во 2022 година во редовите на Марибор за кој ги одигра последните три сезони.
Фото: Atalanta B.C/X