Работнички продолжува да се засилува: Потпиша со двајца фудбалери на Воска

Екипата на Работнички која во текот на вчерашниот ден го ангажираше Браизлецот, Калани Алмеида денеска претстави две нови имиња.

Нови членови на клубот од Дебар Маало се Дитмир Хоџа и Лорент Жаку, станува збор за двајца млади фудбалери кои доаѓаат од редовите на Воска Спорт која беше исфрлена во најнизок ранг.

Хоџа е 16-годишен напаѓач и висок 191 сантиметар, а исто така може да игра и нешто поназад како офанзивен фудбалер за врска. За Воска во Првата лига во изминатата сезона запиша осум настапи.

Жаку кој е една година повозрасен е фудбалер од средниот ред и во изминатата сезона одигра 14 натпревари во најсилната конкуренција во македонскиот фудбал. Двајцата попишаа договори на три години.