
Бразилецот Алмеида е ново засилување на Работнички
Бразилецот потпиша двегодишен договор со Работнички, а доаѓа од Словенија, каде што минатата сезона играше за Толмин и постигна седум голови и една асистенција на 31 настап.
Алмеида во кариерата играше и за Горица, но го носеше и дресот на Атлетико-МГ, Ботафого-ПБ и Маринга.
Фото: Facebook/ФК Работнички