
Нејмар може да се врати во Европа, го сакаат клубови кои ќе играат ЛШ!
Таткото на Нејмар кој е и негов агент не ги открива имињата на клубовите, меѓутоа потенцира и дека за бразилскиот ас кој има 33 години интерес има и од клубови кои играат во Лигата на шампионите.
„Одиме во Мајами каде што ќе преговараме со клубовите. Ќе ги сослушаме понудите и ќе одлучиме што понатаму. Да, го бараат и европски клубови, некои од нив играат во Лигата на шампионите. Знаат дека може да има одлична сезона. За нас интересен и бразилскиот пазар, но опција е и останување во Сантос“, изјави Нејмар сениор.
Во редовите на Сантос Нејмар стигна на почетокот на годината, но и тука повторно се мачеше со повредите кои го следат во изминатите години.