Ѓокереш му бил понуден на Реал Мадрид, но гигантот не бил заинтересиран!

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Ѓокереш ова лето најверојатно ќе си замине од Спортинг Лисабон, а новинарот Фабрицио Романо објави дека фудбалерот му бил понуден на Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаат силен напад во моментов и не биле заинтересирани за потписот на шведскиот напаѓач, поради што ја отфрлиле можноста да го ангажираат Ѓокереш.

Ѓокереш во моментов е најблиску до Арсенал, иако за неговите услуги се заинтересирани уште и Челси, Манчестер јунајтед, Јувентус, но и други екипи.

Фото: Facebook/Sporting CP