Македонија закажа тестови против Швајцарија, а подготовки ќе има во Скопје и Гевгелија

Македонија предводена од селекторот Марјан Илиевски ќе настапи на претквалификациите за Светското првенство во август, против Романија и Унгарија, а подготовките ќе почнат речиси еден месец претходно.

Почетокот на подготовките на македонските кошаркари е закажан за 10 јули во Скопје, по што ќе се тренира до 18 јули во главниот град на Македонија, а потоа репрезентативците заминуваат во Гевгелија каде што ќе тренираат до 27 јули.

Македонија ќе одигра два пријателски меча против Швајцарија во Гевгелија на 25 и 26 јули, а по завршување на подготовките во Гевгелија се враќа во Скопје каде што ќе тренира три дена. Пред крајот на јули се селат во Куманово, каде што ќе се играат дуелите од квалификациите.