Пелистер со убедлив триумф над Тиквеш ја заврши 2025 година!

Актуелниот македонски ракометен шампион Пелистер славеше со 29-21 против Тиквеш во последниот натпревар за 2025 година.

Тиквеш беше подобар на стартот и водеше со 9-6, но потоа Пелистер влезе во ритам и успеа да стигне до израмнување, а потоа и до целосен пресврт (12-10).

Пелистер доминираше во второто полувреме и постојано ја зголемуваше разликата до конечни 29-21.

Најефикасен во победничкиот тим беше Хакбарт со седум голови, додека Тајник постигна четири погодоци за Тиквеш.