Атлетико Мадрид го надигра нисколигашот Балеарес, Сантандер го шокира Виљареал!
Избраниците на Диего Симеоне тргнаа со два погодоци за 20 минути, и тоа преку Гризман и Распадори, меѓутоа Боне возврати во продолжение и намали на 1-2.
Гризман постигна уште еден гол за Атлетико во 72. минута, по што Балеарес имаше шанса веднаш да возврати, но Товар не реализираше пенал.
Кеита, сепак, на истекот на регуларните 90 минути успеа да го матира голманот на Атлетико од белата точка и да ги постави конечните 2-3.
Виљареал доживеа вистински шок во првото полувреме, откако Хуан Карлос Арана со два погодоци донесе предност за Сантандер (2-0).
„Жолтата подморница“ постојано напаѓаше, а искра надеж им даде погодокот на Ајозе Перез во 86. минута, меѓутоа Виљареал немаше сила за втор погодок, иако се играа речиси 100 минути на теренот.
Фото: Facebook/Atletico Madrid