Реал доби срамен пенал против третолигаш, навивачите се изнервираа (ВИДЕО)
„Крлаевите“ се мачеа 40 минути да го пробијат противничкиот бедем, а потоа на помош им дојде главниот судија. При обид да ја исфрли топката, еден домашен фудбалер играше со глава, па топката го удри со рака (можно е тоа да беше и раката на Карерас) што правилата не е пенал, но делителот на правдата не го почитуваше тоа и покажа на белата точка. Мбапе беше прецизен, а потоа еден играч на Талавера си постигна автогол и на голем одмор се замина со предност од 2-0 за Реал.
Начинот на кој гостите поведоа ги изнервира домашните навивачи кои почнаа скандираат „Вака победува Реал“, алудирајќи на судиската помош што ја доби големиот фаворит.