ПСЖ на пенали го „нокаутира“ Фламенго во Интерконтиненталниот Куп (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион и француски гигант ПСЖ успеа да слави против Фламенго по изведување на пенали во Интеконтиненталниот Куп.

ПСЖ успеа да постигне гол по девет минути игра, но ВАР-технологијата му го поништи погодокот на Руиз.

Кварацхелија, сепак, донесе предност за парижаните со неговиот гол во 38. минута, а резултатот не се менуваше до крајот на првото полувреме.

Фламенго го возврати ударот во 62. минута, кога Жоржињо од пенал го матираше чуварот на мрежата на актуелниот европски шампион.

Мечот доби и продолженија, меѓутоа ниту во дополнителните минути ниту еден од тимовите не успеа да постигне и втор погодок, по што се изведуваа пенали.

Во пенал-рулетот Фламенго беше катастрофален и промаши дури четири од пет удари, додека за ПСЖ стрелаа Витиња и Мендеш и тоа беше доволно за триумф.

Фото: EPA