Дабл-дабл на Димитријевиќ за победа на Зенит против Локомотив

Зенит Санкт Петербург славеше против Локомотив Кубан со 98-69 во ВТБ-лигата, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го заврши дуелот со дабл-дабл.

Кошаркарите на Зенит беа незапирливи против Локомотив и го доби првото полувреме со 56-34, а до крајот на мечот домашниот тим успеа дополнително да го зголеми до +27 (98-69).

Димитријевиќ го заврши натпреварот со 12 поени и 11 скокови, додека најефикасен во победата беше Фрејзер со 25 поени.