Да не е Мбапе, Реал не може ни третолигаш да победи (ВИДЕО)
„Кралскиот клуб“ обезбеди пласман во осминафиналето од Копа дел Реј, но се намачи против третолигашот Талавера кого на гостински терен го победи со 3-2. Французинот постигна два од трите гола, а третиот беше автогол, на истекот од првото полувреме, а и акцијата за тој погодок беше на Мбапе. Талавера два пати се врати во игра, прво со 1-2, а потоа со 2-3, но немаше сили да направи сензација.
Заедно со денешните два гола, Мбапе стигна до бројката од 28 постигнати оваа сезона што е повеќе од половина од 50. колку што има Реал во досегашниот дел.
фото: EPA photo