Jaмал си најде девојка – 12 години повозрасна инфлуенсерка! (ФОТО)

Со само 17 години Ламин Јамал веќе е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, па поради тоа се следи и секој негов чекор во приватниот живот, а сега медиумите пишуваат за негова врска со инфлуенсерка и јутјуберка која е 12 години повозрасна.

Станува збор за Фати Васкез која својата онлајн кариера ја започнала уште во 2016 година кога Јамал имаше само девет години.

Сомнежите за можна романса меѓу двајцата се разгореа откако внимателни фанови открија низа сличности во нивните објави на социјалните мрежи.

Двајцата изминатиот период објавуваа фотографии од Сицилија и тоа од речиси идентични локации, од панорамски глетки до слики од базени и хеликоптер. 

Иако досега ниту едниот ниту другиот не објавиле заедничка фотографија или нешто потврдиле, шпанските медиуми сметаат дека фотографиите се доволен доказ за нивната романса.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lamineyamal