Меси полни стадиони низ САД, ама слаб е интересот за него за Светското клупско првенство

Со мечот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли, в сабота почнува Светското клупско првенство во САД, но на четири дена пред тој дуел, не е распродаден ни половина од капацитетот на стадионот каде ќе се игра натпреварот.

Интер ќе игра практично на домашен терен, на стадионот Хард Рок во Мајами и со оглед на тоа што во своите редови го има најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, се очекуваше голема битка за билети. Место тоа, од вкупно 64.767 места, продадени се само околу 25 илјади иако влезниците беа пуштени во продажба уште во декември.

За да не пукне срам, организаторот одлучи цената на билетите кои чинеа 306 долари да ги симне на само 50, па можеби стадионот ќе се наполни барем пристојно.