Динамо емотивно се збогуваше со Ристовски: Риле, ти благодариме за сè! (ВИДЕО)

Maкедонскиот фудбалер, Стефан Ристовски по четири ипол години заминува од Загреб, потврди хрватскиот гигант преку социјалните мрежи.

Ристовски во Динамо пристигна во 2021 година и со овој клуб успеа да освои осум трофеи, четири шампионски титули, два купа и два Суперкупа.

Динамо го напушта и со 185 официјални натпревари во кои постигна седум гола и подели 21 асистенции.

Од Ристовски хрватскиот гигант се прости со емотивно видео во кое беа прикажани и некои од најдобрите моменти на македонскиот фудбалер во Динамо.

Низ кариерата која ја започна во Вардар Ристовски беше дел уште од Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, Специја, Ријека и Спортинг Лисабон.