Шеј сруши рекорд стар 63 години, Дончиќ броеше до 51 (ВИДЕО)

Оклахома Сити гази сè пред себе (седма победа по ред), а нејзиниот лидер Шеј Гилџес-Александар брка уште една награда за најкорисен играч (MVP) и ги поместува границите.

Канаѓанецот вечерва влезе во историјата на НБА откако постигна и 127. пат по ред постигна најмалку 20 поени, соборувајќи го со тоа 63 години стариот рекорд на Вилт Чемберлен. Гилџес Александер постигна 35 поени во драматичната победа од 104-102 над Бостон и победи во меѓусебниот дуел со инспирираниот Џејлен Браун.

Дури ни Мајкл Џордан (69 натпревари по ред со 20 или повеќе поени), Карим Абдул-Џабар (70), Оскар Робертсон (79), Кевин Дурант (72) не можеа да го направат ова што му успеа на актуелниот МВП.

За одбележување е и настапот на Лука Дончиќ кој е најзаслужен за четвртата победа по ред на Лејкерс, овојпат против Чикаго со 142-130. Словенечкиот кошаркар постигна 51, а му недостасуваше една асистенција за трипл дабл (10 скока, 9 додавања). Ефектот против Булс беше рекорд на Дончиќ во дресот на Лејкерс и со него дополнително се доближи до титулата најдобар стрелец во НБА оваа сезона.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Филаделфија 131-109
Индијана – Феникс 108-123
Орландо – Вашингтон 136-131
Атланта – Бруклин 108-97
Мајами – Милвоки 112-105
Мемфис – Далас 112-120
Сан Антонио – Денвер 131-136
Оклахома – Бостон 104-102
ЛА Лејкерс – Ликаго 142-130