Алкараз ја продолжи победничката серија и застана рамо до рамо со Ѓоковиќ и Надал

Карлос Алкараз ја продолжи својата серија на 16 победи и стигна до своето петто последователно полуфинале во Индијан Велс откако го победи Камерон Нори со 6-3, 6-4.

Светскиот број еден му се одмазди на Британецот за поразот во Париз минатата година. Првиот сет заврши со три брејка во последните четири гема. Нори потоа поведе со 2-0 во вториот сет, пред Алкараз да одговори со серија од четири гема. Шпанецот создаде 10 брејк-топки во натпреварот, реализирајќи четири од нив кои му беа доволни за победа.

Алкараз стана само третиот играч во историјата кој стигнал до пет полуфиналиња, придружувајќи им се на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ со тоа што Шпанецот е најмлад кој го сторил тоа, со 22 години и 303 дена.

Во полуфиналето тој ќе игра против Данило Медевдев, кој го победи Џек Дрејпер со 2-0.