
Откриени детали од преговорите меѓу Барселона и Нико Вилијамс
Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни имале важни разговори, при што разговарале за регистрацијата на Вилијамс во шпанското првенство, а за истата Барселона потврдила дека нема да има никаков проблем.
Вилијамс сакал да биде сигурен дека нема да биде изоставен од составот на Барселона за следната сезона, откако каталонскиот тим минатата сезона имаше финансиски проблеми поради кои не можеше да регистрира дел од играчите.
Фото: Facebook/Athletic Club