Одбојкарките се бореа храбро, но немаа сила за сензација против Израел

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го запиша третиот пораз во Сребрената европска лига, откако вечерва загуби со 2-3 во сетови (14-25, 25-18, 25-22, 14-25 и 10-15) од Израел.

Одбојкарите немаа добар почеток на натпреварот и го загубија првиот сет со 14-25, меѓутоа во следните два заиграа на повисоко ниво и беа подобри со 25-18 и 25-22.

Израел со идентичен резултат (25-14) возврати во четвртиот сет, а потоа во петтиот доминираше и оствари триумф од 10-15.

Македонија досега ги победи Луксембург и Фарски Острови, а запиша порази против Швајцарија, Австрија и Израел.

Фото: Одбојкарска репрезентација на Македонија