Официјално: По две години Џака се врати во Премиер лигата!

Швајцарскиот репрезентативец, Гранит Џака брзо се врати во Англија, по две сезони минати во Бундеслигата, тој денеска пак потпиша со клуб од Премиер лигата.

Сандерленд денеска го промовираше Џака во ново засилување, тие за него платија 20 милиони евра.

„Сандерленд со задоволство може да соопшти дека потпиша со Гранит Џака, тој потпиша тригодишен договор“, потврдија од англискиот клуб.

Фудбалерот вели дека е возбуден што ќе го носи дресот на Сандерленд.

„Многу сум горд што сум тука. Кога зборував со клубот, бев возбуден и ја чувствував енергијата и менталитетот на сите луѓе и фудбалери тука. Тоа е она што го сакам, имам многу добро чувство“, рече Џака.