
Загина двојна олимписка шампионка - нејзиното тело ќе остане засекогаш во планината!
Германската биатлонка, Лаура Далмаер го загуби животот во планинарска несреќа во пакистанскиот планински венец Каракорум.
31-годишната Германка беше погодена од одрон камења во понеделникот на околу 5.700 метри. Спасувачката мисија која траеше оттогаш, заврши неуспешно доцна синоќа.
Од нејзиниот менаџмент соопштија дека Лаура имала напишано и писмена желба дека во ваков случај не сака никој да си го ризикува животот за неа и нејзиното тело сака да остане во планината.
„Беше изречена и писмена желба на Лаура Далмајер, во ваков случај никој да не го ризикува својот живот за да ја извлече. Нејзина желба беше нејзиното тело во овој случај да остане на планината. Тоа е и во согласност со желбите на нејзините најблиски, „кои исто така изрично бараат да се почитува последната желба на Лаура“, напиша менаџментот.
Од вторникот спортскиот свет беше во неизвесност за животот на Лаура. Извлекувањето се покажа исклучително комплицирано поради теренот и временските услови.
„Врз основа на сознанијата од прелетот со хеликоптер и описите на партнерката за сериозноста на повредите, се претпоставува дека Лаура Далмајер починала на лице место“, напиша менаџментот. Извлекувањето на телото е за спасувачките екипи под моментално преовладувачките тешки услови со одрон на камења и промена на времето на Лаила Пик поврзано со превисок ризик и не е изводливо“.
Фото: EPA Photo