Панчев: Мојата љубов беа Вардар и Звезда, сè друго беше само да се одработи!

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев беше даде интервју за Јутјуб каналот „Minut uzvisenosti“ во кое зборуваше на разни теми од својата кариера.

Една од нив секако беше времето во Црвена звезда каде што ги помина најдобрите денови. Панчев смета дека распадот на Југославија за жал придонел и крај на големата генерација на Звезда.

Како што вели Панчев тој и најголем дел од сите кои заминале, заминале само затоа што биле принудени.

„Да не беше таа проклета војна од која сите изгубија, никој ништои не доби, лесно можеби 80-90% од тие играчи можеа да останат во Звезда. Никој од нас не замина во друг клуб поради симпатии кон него. Одевме само за да се обезбедиме и да заработиме. Нашата љубов беше во Југославија, Звезда, Вардар...Се друго останато беше само професионално одработување. Ти играш таму, но ги немаш тие емоции каде што настапуваш со љубов и во тој поглед штета што таа генерација се распадна“, изјави Панчев.