Сензација во Париз: Крај за Медведев уште во првото коло! (ВИДЕО)

На самиот старт на Ролан Гарос го видовме и првото поголемо изненадување, Австралиецот Адам Волтон по маратонски меч од пет сета славеше против Данил Медведев со 3-2 (6-2, 1-6, 6-1,1-6, 6-4).

Моментално 97. тенисер на АТП-листата одлично го отвори мечот и со агресивна игра му препушти на петтиот носител само два гема во првиот сет.

Иако Медведев експресно возврати во продолжението, следуваше нова доминација на аутсајдерот, кој повторно му дозволи на Русинот да освои само еден гем за водство од 2:1 во сетови.

Со идентичен резултат московскиот тенисер израмни, па одлуката за патникот во следната рунда падна во решавачкиот петти сет. Клучните моменти беа видени во самиот финиш од мечот, кога Медведев најпрво ја испушти раната предност од брејк и му дозволи на противникот да израмни на 4-4.

Волтон целосно го искористи моментумот и со два врзани гема успеа да слави. Австралискиот тенисер во второто коло ќе игра против Американецот Закари Свајда, кој претходно го елиминираше Алексеј Попирин.