Човекот кој ги погоди последните три светски шампиони си го кажа фавортитот

Германскиот економист Јоахим Клемент со сложен модел за прогнозирање, досега успеа да ги погоди последните три светски шампиони, а сега го кажа и својот фаворит за Светското првенство кое се игра ова лето.

За претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, тој прогнозира дека светската титула ќе ја освои Холандија, репрезентација која важи за една од најсилните во историјата, но сè уште нема освоено мундијалско злато и ваквата прогноза секако звучи изненадувачки.

Моделот не го предвидува само конечниот победник, туку и целиот тек на турнирот со 48 репрезентации. Според неговите пресметки, Јапонија би можела да приреди изненадување и да го елиминира Бразил уште во второто коло од нокаут-фазата, додека Шкотска би застанала против Јужна Кореја во првата елиминациска рунда.

Во прогнозата се наведува и дека Англија би стигнала до полуфинале, но таму повторно би била запрена од Португалија, сценарио слично на она од Светското првенство во 2006 година во Германија.

Останува да видиме дали ваквата прогноза ќе се оствари, најголемиот фудбалски турнир летово почнува на 11 јуни и ќе се игра до 19 јули.

Фото: FIFA