Сабаленка не заборави, победи и одговори на предизвикот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка оствари лесна победа во првото коло на вториот грен-слем турнир во сезоната Ролан Гарос.

Белорусинката со 2-0 во сетови ја совлада Шпанката Џесика Бусас Манеира, по еден час и 16 минути игра. Но, повеќе од мечот во кој ја оправда улогата на фаворит привлече нејзиниот танц.

По победата во тунелот Сабаленка заигра и на тој начин испрати порака до нејзиниот добар пријател, Новак Ѓоковиќ.

„Добро, Новаче. Што велиш на ова?“, рече Сабаленка по танцот на скалите.

Ваквиот танц беше одоговор на Ѓоковиќ на неговиот предизвик кој ѝ го зададе по мечот кој тој го одигра во Париз.