Исак се договорил со Ливерпул, останува уште еден чекор за трансферот да се реализира!

Се верува дека Александер Исак ова лето ќе направи трансфер од Њукасл во Ливерпул, работите се движат во таа насока, но уште нема целосна реализација.

Денешните информации велат дека Исак веќе постигнал договор со Ливерпул за личните услуги. Договорот кој ќе го постигна е со трајност до 2031 година.

Неговата плата ќе биде слична на таа на Хуго Екитике кој на Енфилд пристигна од Ајнтрахт за 95 милиони евра.

Њукасл и Ливерпул се во контакт, преговараат за висината на отштетата која ќе треба да ја платат црвените.

Во меѓувреме Њукасл се труди да најде замена за Исак, тргнаа по Бенјамин Шешко, но Манчестер јунајтед сериозно се вклучи во трката по Словенецот.