Илиевски го „скрати“ списокот пред дуелот со Романија – следува уште еден филтер!

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во последната фаза од подготовките за претквалификациите за пласман на СП 2027, кои ќе ги одработи во Куманово, градот во кој в сабота (2 август) ќе го одигра првиот меч и тоа против Романија (20 часот).

Селекторот Марјан Илиевски на пат поведе 15 кошаркари, односно направи мало лратење во однос на составот кој настапи на двомечот со Швајцарија, а од кој во иднина ќе ги нема Андреј Андоноски и Стефан Стојковиќ. Ова значи дека за место во составот кој ќе се појави на стартот од претквалификациите ќе конкурираат Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли.

Во нашата група е уште и селекцијата на Унгарија, а место во квалификациската фаза ќе обезбедат двете најдобро пласираните по одигрувањето на сите натпревари.