
„Постојано сум во контакт со Чурлинов, сака да се врати во нашиот клуб“
Тој е под договор со англискиот клуб, но се разгледуваат опции за позајмица или продажба.
Чурлинов се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Легија Варшава, но претседателот на Јагелонија, Зиемовит Дептута тврди дека постојано е во контакт со Македонецот и тој му вели дека сака да се врати во тимот каде што ја мина минатата сезона.
„Дарко и јас постојано сме во контакт. Тој го гледаше натпреварот против Термалика. Ми рече дека му недостасуваме. Навистина сака да се врати. Не се работи само за клубот, туку се чувствува многу комфорно во Бјатисток. Доколку не пристигне за него некоја понуда со огромни пари, тој сака да се врати во Јагелонија“, вели претседателот на клубот.
Чурлинов за Јагелонија одигра 43 натпревари, постигна седум гола и имаше четири асистенции.