
Уште еден дебакл на јуниорите на ЕП во Белград – Шпанија нѐ „смрзна“ на минус 54 (ФОТО)
Разликата во квалитет беше огромна, а нашите момци се држеа колку-толку само до пред крајот на првиот период. Шпанците на стартот од втората четвртина првпат дојдоа до двоцифрена предност, за до крајот само да ја зголемуваат предноста. Дебаклот најмногу дојде до израз во завршниот дел од играта, кој „црвената фурија“ го почна со 17 поени по ред, што придонесе крајната негатива на жолто-црвените да биде огромна.
Дарјан Димовски со 13 поени беше единствен со двоцифрен учинок, додека нашиот најдобар поединец досега на ЕП, Никола Јаничиќ застана на шест поени.
Следен противник на Македонија е поразениот од четвртфиналната пресметка помеѓѕ Турција и Израел. Во случај на победа би играле за пласман од 9-12 место, но ако загубиме во сабота ќе го играме клучниот меч за опстанок во А дивизијата, со оглед што во понизок ранг се селат двете последнопласирани селекции.