
Ивановски со само три загубени гема преслуша Колумбиец на стартот во Куршумлиска Бања!
Ивановски загуби само три гема, првиот сет го доби со 6-2, а во вториот беше уште поубедлив освојувајќи го со 6-1.
Во следното коло Македонецот ќе игра со победникот од дуелот меѓу Сирил Пилонел од Швајцарија и Ѓорѓе Спасиќ од Србија.
На турнирот во првото коло денеска беше елиминиран македонскиот тенисер Горазд Србљак, кој претходно имаше три победи во квалификациите.