„Бомба“ на повидок: Нико Вилијамс бил на состанок со новиот клуб!

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс ова лето се очекува да го промени клубот, а за неговите услуги има неколку заинтересирани екипи, меѓутоа тој сака да игра за Барселона.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта неодамна кажа дека не планира да го купи Вилијамс, но самиот фудбалер решил да побара состанок со раководството на каталонскиот гигант.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Вилијамс побарал состанок за јасно да ја искаже неговата желба дека сака да го носи дресот на освојувачот на Ла Лига.

Фото: Facebook/Athletic Club