
Македонија ја „збриша“ Ерменија, но за пласман во повисок ранг ќе решаваме утре
Победата за Македонија беше обезбедена уште по сингл дуелите на Стефан Мицов против Микаел Аванесјан и Калин Ивановски против Микаел Аветисјан, а во мечот во двојки само го потврдивме нашиот квалитет.
Мечот Калин и Стефан го добија за еден час и 11 минути со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).
Во другите два дуела од 4.коло: Летонија – Молдавија 2:1 и Црна Гора – Малта 3:0, па така на Македонија за да биде сигурна потребна и е победа против Летонија, но може да се пласираме и со пораз ако Молдавија ја победи Црна Гора.
ТАБЕЛА: Летонија 4-0 (победи / порази); Црна Гора 3-1, Македонија 3-1, Молдавија 2-2, Малта 0-4 и Ерменија 0-4.