Познат терминот на првиот меч на Ѓоковиќ на Индијан Велс

Најдобриот српски тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Индијан Велс, каде што во второто коло ќе се соочи против Камил Мајхшак.

Организаторите на турнирот го објавија распоредот, па Ѓоковиќ дозна дека првиот меч на турнирот го игра во 22 часот по македонско време.

Пред нив на теренот ќе играат Американката Хејли Баптист и Елена Рибакина, па потоа се очекува Ѓоковиќ и Мајхшак да заиграат на теренот.

Ѓоковиќ последен пат го освои мастерсот во Индијан Велс во 2016 година.