
Милнер потпиша нов договор со Брајтон - ќе „лови“ рекорд во Премиер лигата!
Искусниот фудбалер има 39 години и ќе остане во Брајтон уште една сезона, па може да стане рекордер по број на настапи во англиската елита.
Милнер досега одигра 638 натпревари во Премиер лигата, а пред него е само Герет Бери со 15 настапи повеќе, меѓутоа се очекува тој рекорд да биде надминат.
Ветеранот од редовите на Брајтон дебитираше уште во 2002 година, а во кариерата играше за Лидс, Њукасл, Манчестер сити и Ливерпул.
Фото: X/Brighton & Hove Albion