Ернандез прави проблеми: Милан сака да го избрка, а тој веќе одби две екипи!

Милан бара начин како да го избрка Тео Ернандез, кој ќе влезе во последната година од неговиот договор, меѓутоа искусниот фудбалер веќе одби две понуди.

За услугите на Ернандез беа заинтересирани Атлетико Мадрид и Ал-Хилал, меѓутоа фудбалерот не ги прифати условите кои му беа понудени.

Ернандез пристигна во Милан во 2019 година за 22,8 милиони евра и беше важен дел на тимот во претходните години.

Фото: Facebook/AC Milan