Ново засилување за шампионот: Шкендија потпиша со голманот на Гамбија

Македонскиот шампион Шкендија вечерва промовира ново засилување за следната сезона, а тоа е репрезентативецот на Гамбија, Бабукар Гаје.

Гаје е роден во Германија, а ја почна кариерата во Билефелд, по што продолжи во Арминија Билефелд и потоа во вториот тим на Штутгарт.

Репрезентативецот на Гамбија минатата сезона го носеше дресот на Воска Спорт, при што настапи на 10 меча во Првата лига, а прими 14 голови.

Фото: KF Shkendija