
Кадетите тргнаа со победа против Катар на турнирот „Марко Божиновски“
Катар беше подобар на теренот во првото полувреме и на паузата замина со 13-12, меѓутоа кадетите на Македонија успеаја во вториот дел да го свртат резултатот во своја корист и да слават со 29-25.
Македонија А во второто коло на турнирот ќе се соочи против Босна и Херцеговина, додека втората кадетска селекција на Македонија утре ќе игра против Романија од 11.30, а потоа со Србија од 20.30 часот.