
Скандал: Општина Тетово величи албански репрезентативец! (ФОТО)
Бајрами е роден во Швајцарија, а во кариерата се одлучи да ги брани боите на Албанија, меѓутоа од некоја причина во Тетово се одлучија да му одадат признание за неговиот „придонес“.
Муралот на Бајрами кој го носи дресот на шкиотскиот гигант Глазгов Ренџерс беше направен на средното училиште „Ѓоце Стојчески“.
На свеченото откривање на муралот присуствуваше и самиот Бајрами кој истакна дека за него ова е посебен ден. Промоцијата исто така беше пренесувана и во живо на социјалните мрежи на градоначалникот и општина Тетово.
„Среќен сум што сум тука. За мене ова е навистина посебен ден. Посакувам многу среќа на младината, не само во спортот, туку и на училиште бидејќи и тоа е исто така многу важно“, порача Бајрами.
На промоцијата Бајрами беше пречекан и од дечиња во дресот на Шкендија, клуб со кој тој самиот нема никаква поврзаност.
Фото: Bilal Kasami/FB