Седлоски им направи мерак на домаќините: На Мундијалот ќе навиваме за вас
Меѓу другото и поради тоа, од босанските новинари беше прашан за шансите на нивната репрезентација на претстојното Светско првенство. Одговорот на Седлоски ја воодушеви тамошната фудбалска јавност која ги издвои неговите зборови како мошне важни од прес-конференцијата по натпреварот.
„Колку можете да направите на Светското првенство треба да го прашате вашиот селектор. Ние ви посакуваме се најдобро и ќе навиваме за балканските тимови на Светското првенство - Хрватска и Босна и Херцеговина. БиХ ги победи Велс и Италија и сигурно имате квалитет“, рече Седлоски.
На Светското првенство, БиХ е во групата Б со репрезентациите на Канада, Катар и Швајцарија, а својот прв натпревар го игра на 12 јуни против ко-домаќинот на Мундијалот.